26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
danela arsovska, mickoski
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Данела и Левица функционира, кавгите им се само за тендери

Соопштение на СДСМ:

Вчера Советот на Град Скопје го усвои Буџетот на Градот за 2023 година, предложен од градоначалничката Данела Арсовска.

За усвојување на Буџетот гласаа советниците од ВМРО-ДПМНЕ и Левица со што докажаа дека нивната коалиција со Арсовска и натаму функционира.

Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ се едно, нивните кавги се само заради тендери.

ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје има своја градоначалничка има претседател на Совет и мнозинство во Советот, ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство на членови во управните одбори во јавните претпријатија и со тоа ја има целата одговорност за катастрофата што му се случува на Скопје.

По вчерашното усвојување на Буџетот, ВМРО-ДПМНЕ ја потврди коалицијата со Арсовска и докажа дека секој нивни обид да се оттргнат од Арсовска е само уште една лага на партијата предводена од шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски.