Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Апсења низ Скопје: Лишени од слобода двајца изнудувачи од скопско (ФОТО)

На 27.12.2022 во 18.30 часот во угостителски објект на ул.„Васил Ѓоргов“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за насилен криминал и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Д.З.(36) од с.Елово, скопско и Р.А.(34) од Скопје.

Тие се сомничат дека на 21.12.2022 од 41-годишно лице од Крушево, поради наводен долг и нерасчистени должничко-доверителски односи, со употреба на сила одзеле патничко возило „бмв“ и апарат за испитување на подземни води во вкупна вредност од околу 17.500 евра. Според пријавеното, најпрво му барале 6.000, а подоцна и 12.000 евра за да му го вратат одземеното.

По преземени мерки, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, во наведеното време лицата биле затекнати во угостителскиот објект при примопредавање на парите. Кај нив биле пронајдени и одземени изнудените пари и фалсификувана лична карта. Двајцата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Драма во училишен двор во Драчево: Дете почувствувало удар во грбот, до него пронајдено зрно од оружје

ДЕСК

Овчар од Форино пронајден починат во атарот на Врапчиште

ДЕСК

Полицијата изврши увид: Мотоциклист тешко повреден по излетување од коловоз

ДЕСК