27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(ВИДЕО) Обвинителството и полицијата открија како осомничената група примала мито на граничниот премин “Табановце”

По повеќемесечна предистражна постапка на ГП Табановце под сознанија дека група полициски службеници организирано вршат инкриминирани дејствија со коруптивни елементи се случија завчерашните апсења на граничниот премин.

Во случајот осомничени се 12 полициски службеници, меѓу кои командир и заменик командир.

Шест полицајци добија притвор поради организираното примање мито на граничниот премин како што јави Centar.mk утрово, додека пак тројца од нив 30 дена, двајца осум, еден пак куќен притвор. На останатите тројца од групата им се одземени пасошите.

Според обвинителството во истажната постапка се вклучени 12 полициски службеници, за кои МВР поднесе кривична пријава, но за тројца од нив се уште се прибираат докази и откако ќе заврши предистрагата ќе се одлучува дали ќе продолжи постапката против нив.

Како што соопшти МВР претходно, полицијата при претресот на Табановце во неделата запленила околу 16.000 евра, 200.000 денари, како и франци и српски динари. Дел од парите биле сокриени во кутии од цигари и во метален сад кој им стоел во кујната на граничниот премин, а биле проверувани и дали кријат пари во чорапите и кондурите. Овие пари и подароци ги земале како поткуп за да пропуштаат лица без зелен картон, полномошно за возилото, без пасоши или возачка дозвола. Сомненијата се дека примањето на мито го правеле уште од 2020 година, а секој од осомничените имал посебна улога.

Според надлежните првоосомничениот, најпрвин како раководител на смена, а потоа и како командир на полициската станица ги распоредувал или влијаел да бидат распоредени останатите тројца осомничени на работни места во кабини каде што има поголема фреквенција на патници за влез и излез од државата.

Тројца како полициски службеници кои вршеле пасошка контрола имале задача да бараат и примаат подарок од 5, 10, 20 или 30 евра за себе и за првоосомничениот за да извршат службено дејствие кое не смееле да го извршат, а од примените парични средства секој месец на првоосомничениот му давале по 150 евра.- соопштија од ОЈО.

На товар им се ставаат три кривични дела, Злосторничко здружување, Примање поткуп и Злоупотреба на службената положба.

За време на акцијата имаше застој во работата на граничниот премин од неколку часа.