29. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Нова серија апсења на повеќе локации низ Македонија – Полицијата вршеше и претреси

На 26.12.2022 во 08.30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка го лишиле од слобода Ш.А.(67) тетовско Расадиште. Тој се барал врз основа на Наредба од Основен суд Тетово за издржување затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

На 26.12.2022 во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп го лишиле од слобода Х.П.(19) од Прилеп. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе стебла од растението канабис и гранки од растението канабис. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

На 26.12.2022 во 12.15 часот на Градскиот плоштад во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Б.А.(47) од Тетово, затоа што кај него биле пронајдени разновидни пиротехнички средсва. По документирање на случајот против него ќе следи и соодветен поднесок по член 69 став 1 од Закон за заштита од експлозивни материи.

На 26.12.2022 во 14.55 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.А.(18) и Е.Е.(19), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 26.12.2022 во 20.00 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.М.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 26.12.2022 од ул.„Караорман“ во Битола, полициски службеници од Криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода Ц.М.(35) од Битола, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 27.12.2022 во периодот од 01.15 до 02.30 часот во угостителски објект во гостиварско Врашчиште била спроведена акциска контрола, при што полициски службеници од Полициското одделение Галате привеле пет странски државјанки: Д.Ч.(33), С.Р.(30) и Д.З.(36) од Република Албанија, Ф.О.(30) од Република Косово и С.З.(52) од Република Србија. Тие биле приведени поради злоуботреба на туристички престој и постапување спротивно на целта. Странските државјанки биле задржани во полициска станица за понатамошни постапка.

На 26.12.2022 во 21.40 часот во тетовска Брвеница, поради илегален влез во нашата земја, бил приведен Р.Л.(25) од Република Албанија. По извршени проверки било утврдено дека лицето имало забрана за влез во државата, по што е задржан во полициска станица за понатамошна постапка.