30. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Разговор на претседателот Пендаровски со припадниците на Армијата распоредени во меѓународните мисии

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари видео разговор со припадниците на Армијата кои се распоредени во меѓународните операции надвор од територијата на Република Северна Македонија.

Во пресрет на новогодишните празници, претседателот Пендаровски ги поздрави нашите мировници во операцијата на КФОР во Косово, во мисијата „УНИФИЛ“ предводена од ОН во Либан, во операцијата „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина, во мисијата „ЕУТМ РЦА“ предводена од ЕУ во Централноафриканската Република, во НАТО активноста за Зајакнато истурено присуство во Латвија, припадниците на нашата Армија во мисиите на НАТО во Бугарија, Романија и припадникот на Министерството за одбрана во Ирак.

Во разговорот, претседателот Пендаровски истакна дека Република Северна Македонија високо го цени ангажманот, професионализмот и пожртвуваноста на припадниците на Армијата кои активно придонесуваат кон мирот и безбедноста во светот, и претставуваат најважен влог во колективната одбрана.

Честитајќи им ги новогодишните празници претседателот им посака добро здравје и натамошно посветено извршувањето на задачите бранејќи ги заедничките вредности, мирот, слободата и демократијата.