Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Кривична за Косовци кои краделе паричници и ваделе пари од банкомати во Кочани

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Б.А.(54) и С.С.(63), двајцата од Република Косово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Во текот на мај и јули 2022 година, пријавените на Градскиот пазар во Кочани одзеле паричници на две лица во кои имало пари, платежни и кредитни картички и лични документи, по што во повеќе наврати од банкомати на две банки извадиле парични средства, соопшти МВР.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) Еден повреден во тешката сообраќајка кај клучка Хиподром, возилата се пренасочуваат по автопатот Скопје-Велес

ДЕСК

Измама вредна 18.000 евра – тетовчанец останал без пари и без пелети

ДЕСК

СЕ СПРЕМААТ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД И ВЕТЕР НАД 70км/ч: Најкритично во недела и понеделник

ДЕСК