24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Општина Гостивар организираше свечен ручек за новата година за здруженијата на лица со различни способности

Општина Гостивар традиционално служеше свечен ручек за децата од Дневниот центар со посебни потреби, двете посебни паралели на основните училишта „Исмаил Ќемали“ и „Мустафа Кемал Ататурк“, како и децата од здружението „Заедно можеме“.

На свечениот ручек покрај децата беа и нивните родители, а за расположението на децата се погрижија неколку маскоти, Дедо Мраз и пејачите Бетиме Јакупи и Фадби Илази.

На свечениот ручек присуствуваше и градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари и неговиот тим во општината.

Ново годишни пакетчиња беа поделени и за здружението “Реалитет” како и за здружението “Тишина”.