27. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

383 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (25.12.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 383 возачи. Од нив 22 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 198 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 185 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Растот на платите го надминува растот на цените – економијата се движи во позитивна насока, тврди министерката Кочоска

ДЕСК

Седница на ИО на СДСМ: Нови 11 кандидати за градоначалници

ДЕСК

Пеколно жешко до 38°C, па температурен пресврт и невреме со заладување – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК