Centar.mk
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈА

Наместо снег, температурата ќе достигне до 16 степени – Метеоцентар со детална прогноза за времето

Продолжува периодот на стабилно време со релативно високи дневни температури за овој период од годината, особено на повисоките места и на планините. Во претпладневните часови по одделни котлини ќе се задржи умерено облачно и магливо што ќе услови пониски дневни температури.

Прогноза за 27.12.2022
Минимална температура: -3 до 4°C
Максимална температура: 8°C до 16°C

Наутро по котлините со појава на магла или ниска облачност, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер особено попладне и кон крајот на денот кога и облачноста ќе се зголемува.

Прогноза за 28.12.2022
Минимална температура: -3°C до 5°C
Максимална температура: 9°C до 15°C

Наутро по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност, преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 29.12.2022
Минимална температура: -1°C до 6°C
Максимална температура: 8°C до 14°C

Променливо облачно со слаб јужен ветер. Попладне облачноста ќе се намалува.

Можеби ќе ве интересира

Серија апсења на повеќе локации низ Скопје – Дел од уапсените се од други градови

ДЕСК

Тешка сообраќајка вечерва – Овој патен правец во целост затворен за сообраќај

ДЕСК

Утре е голем празник со црвени букви – Православните Христијани го празнуваат Митровден

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.