Цените на основните прехранбени производи се намалени, така што лебот е намален за 5 денари, а намалување има и кај пилешкото месо, стекот и батакот, се вели во анкетата што ја направи интернет порталот Drejt, на албански јазик.
Репортерот на Drejt разговараше со дел од сопствениците на мали бизниси, како што се пекарниците и месарниците, кои го потврдија падот на цената на лебот и на некои месни производи.
„Во моментов ги намаливме само пилешкото месо – стекот и батакот, а цената на говедското месо не е променета. Цената на стекот е за 40 денари или 50 денари помалку, додека на батакот за 40 денари. Највисока е цената на јунешкото месо, која е 650 денари, додека говедското е 580 денари. Засега немаме попуст на говедско и јунешко месо“, вели еден од трговците кој поседува месарница“ – изјави сопственикот на месарницата со кого разговараше екипата на Drejt.
Сопственик на пекара во Скопје потврди дека лебот е поевтин за 5 денари.
„Лебот го намаливме за 5 денари, веќе од пред неколку дена. Порано беше 40 денари, а сега чини 35 денари. Највисоката цена на лебот беше 40 денари“ – изјави сопственикот на пекарата.
Drejt.mk е дел од медиумската платформа на Цивил, на албански јазик.
Н. А.
Извор: Drejt/ Civilmedia