Како што информира полицијата рано утрово во 02.27 часот педесет и едно годишна жена од село Орман, скопско, пријавила дека во станбен комплекс во селото, настанал пожар на нејзините патнички возила „мерцедес компресор“ и „волво“ со скопски регистарски ознаки, од кој бил зафатен и дел од ограда и настрешница.
Полицијата соопштува дека во настанот повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот, велат од МВР.