22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАSHOWBIZ

Масимо Савиќ се бореше со тешка болест

Масимо Савиќ (60) почина во Загреб по битка со рак на белите дробови, а тажната вест ја потврди и Aquarius Records.

Масимо Савиќ отсекогаш имал позитивен став кон животот, што јасно покажува каков борец бил.

Во последното интервју што го дал, тој истакнал дека сржта на животот е постојаната потреба за учење и напредување.

“Тајната е во учењето, бидејќи ако чашата е полна, нема со што да ја наполните. Треба да знаете дека сте мали и дека мора да научите нешто ново”, изјавил тој.