Скопје повторно се најде меѓу најзагадените градови во светот, пишува 24инфо.мк
Утрово, но и во текот на целиот ден концентрацијата на ПМ честитки е неколкукратно зголемена, видливоста е намалена, а во одредени делови се чувствува и непријатна миризба.
Но иако борбата против загадувањето беше врвен приоритет во кампањата на Данела Арсовска, таа како градоначалничка многу малку направи во изминатава година по однос на ова прашање.
Пет мега паркови најавуваше Арсовска во кампањата, а во првата година не се изгради ниту еден.
Дополнително, средствата за животна средина за 2022 година беа намалени за три пати, а намалени беа и средствата за набавка на инвертори, чие доделување беше проследено со низа скандали и со нефункционалност на алатката за онлајн аплицирање.
Но таквиот однос на Арсовска резултира со енормна загаденост која по се изгледа ќе стане секојдневие во главниот град.
Скопје, денеска е петти најзагаден град во светот, зад Мумбаи, Њуделхи, Улан батор и Лахор.
Очигледно дека и по однос на ова прашање постапува недоволно сериозно и површно, слично како и за украсувањето на главниот град за празниците – многу најави, а малку реализација.