Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

72 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола

Денеска (23.12.2022)во времето од 10:00-14:00 на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 72 возачи. Од нив 57 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 15 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Грабеж среде бел ден во Аеродром: скопјанец остана без пари, мобилен телефон и без лични документи

ДЕСК

Драма во Карпош: 35 годишна жена нападнала возрасна скопјанка во продавница

ДЕСК

Пронајдени 15 лица мигранти во гевгелиско, приведени двајца криумчари, следува пријава

ДЕСК