Здружението на јавни обвинители на РСМ вчера одржа изборно собрание на кое беа избрани новите органи на Здружението. Членовите со мнозинство гласови го избраа составот на новиот Извршен одбор, кој согласно актите на Здружението, потоа го изврши изборот на носечките раководни органи на Здружението на јавни обвинители.
За членови на Извршниот одбор на Здружението на јавни обвинители беа избрани:
• Анита Тополова Исајловска
• Елвин Вели
• Наум Паноски
• Ирина Трајкоска Стрезоски
• Стојанчо Арнаудоски
• Деса Пауновска
• Башким Хисени
• Јелена Колева Доагазанска
• Виолета Милчовска
• Катерина Коларевиќ
• Ана Гоговска Јакимовска
• Спасенка Андонова
• Катерина Панева
Од членовите на Извршниот одбор, за претседател на Здружението на јавни обвинители беше избран Елвин Вели, јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје. Јавните обвинители Спасенка Андонова и Ирина Трајкоска Стрезоски беа избрани за потпретседатели, а јавниот обвинител Ана Гоговска Јакимовска за секретар на Здружението. За благајник е определена Катерина Панева.
Во следнот период новите органи за Здружението ќе изготват годишна програма во која ќе бидат предвидени повеќе активности со цел унапредување и јакнење на статусот на јавните обвинители и стручната служба во обвинителството, зголемување на соработката со институции и невладини организации, како и учество во проекти поврзани со законската регулатива во правосудната сфера.
Членовите се заблагодарија на досегашното раководство на Здружението за нивниот придонес за функционирањето на организацијата.