18. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАвест

Битиќи: Секое домаќинство годинава е субвенционирано со по 21.000 денари за електрична енергија

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во вечерашното гостување во емисија на Алсат Телевизија се осврна на ефектите и обемот на мерките кон граѓаните и компаниите.

„Сите мерки што ги презедовме чинат 760 милиони евра и тоа не е се за плаќање на елелтрична енергија. Иако претходно не сме го збореле, вечерва ќе дадам еден податок што секој граѓанин треба да го знае. Средствата што ги даваме за регулираниот пазар на електрична енергија значи дека секој еден наш граѓанин добива 6.800 денари годишно субвенции за струја или секое едно домаќинство добива по 21.000 денари субвенции за струја за оваа година“ порача вицепремиерот Битиќи додавајќи дека малите компании исто така добиваат субвенционирана електрична енергија по цена од 220 – 260 евра за мегават час, додека берзанската цена е околу 500 евра.

Вицепремиерот порача дека бизнисите сакаат стабилност и предвидливост и дека тоа го добиваат со тоа што се на регулираниот пазар на електрична енергија.

Можеби ќе ве интересира

Две женски лица нападнале 16 годишно девојче среде бел ден во Скопје

ДЕСК

Нова драма во Карпош: Две лица почнале да му се закануваат на младо момче и неговата девојка, а потоа му го оштетиле возилото

ДЕСК

Тепачка во Шуто Оризари

ДЕСК