22. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

ЕВН со новогодишни донации за религиозните заедници

ЕВН Македонија ја продолжува традицијата на донации за време на Новогодишните празници. Компанијата обезбеди пакети со храна кои ги донираше на Македонската православна црква (МПЦ), Исламската верска заедница (ИВЗ) и Католичката црква во Скопје. Преку хуманитарните организации, „Свети Спас“,„Хилал“ и Скопската бискупија, истите ќе бидат распоредени низ целата држава.

Преку новогодишните донации, ЕВН Македонија како одговорна компанија се труди да им ја збогати трпезата на граѓаните за време на празниците. Така и годинава, религиозните заедници ќе ги достават пакетчињата со храна до најранливите семејства, граѓаните кои се во тешка здравствена состојба или пак живееат во далечните рурални средини. Со овој гест се надеваме дека ќе направиме мала разлика во квалитетот на животот на овие граѓани и ќе влееме празнична надеж кај оние што најмногу им е потребна.

Можеби ќе ве интересира

Истрага за поседување детска порнографија

ДЕСК

Сиљановска-Давкова: Струга е поетска република што гради мостови и го менува светот

ДЕСК

Малолетник фатен со дрога, веднаш бил уапсен

ДЕСК