22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Кривична пријава против правно лице и неговиот управител по Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци

СВР Битола до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против Д.А.(37) од Битола и правно лице од с.Кравари, битолско, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело казниво по член 95-в од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци.

Првопријавениот, во својство на овластено лице – управител на правното лице, кое поседува одобрение за одгледување на канабис за медицински цели, ја искористил опремата и просторот на субјектот и вршел одгледување на наркотична дрога – канабис во производните простории на правниот субјект, спротивно на одредбите од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции.

Имено, првопријавениот не доставувал известувања до надлежното министерство, односно до Комисијата за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување на медицински канабис и тоа за извршената набавка, собирање, сушење, пакување, складирање и отпад, ниту пак, известил за добиени количини на влажна-сува материја.