23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Уште една тажна вест од Велес: Во болницата донесено починато двегодишно бебе, јавен обвинител нареди обдукција

Македонската полиција информира дека вчера околу 18.00 часот во СВР Велес, од Општа болница Велес било пријавено дека кај нив било донесено починато женско дете од Велес.

Неофицијално дознаваме дека се работи за две годишно бебе.

Увид на местото извршила екипа на СВР Велес, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција, соопшти полицијата доцна попладнево.