25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

ЕК и дозволи на Германија да ја национализира енергетската компанија „Унипер“

Европската комисија и дозволи на Германија да ја национализира енергетската компанија „Унипер“, која е во сериозна криза.

Засега нема законски пречки кои укажуваат на нелојална конкуренција, соопшти Комисијата.

Мерките допрва треба да бидат одобрени од акционерите на „Унипер“ на вонредното собрание во понеделник. Сега се пресметува дека спасувањето на оваа витална компанија за Германија ќе ја чини државата повеќе од 30 милијарди евра. Пакетот предвидува докапитализација на осум милијарди евра и купување на акциите на „Унипер“.

После тоа, германската влада ќе поседува околу 98,5 отсто од акциите на „Унипер“.

„Унипер“ наиде на проблеми откако Русија прво го намали, а потоа целосно го прекина снабдувањето со гас. Во исто време, бензините поскапеа неколкукратно, а „Унипер“ мораше да купува гас од други добавувачи и на тој начин да ги реализира договорите со компаниите на кои го дистрибуираше.

Оваа компанија, која беше во голема мера зависна од Русија, снабдува повеќе од 100 комунални претпријатија и големи компании и на тој начин игра централна улога во снабдувањето со природен гас во Германија. Стечајот на „Унипер“ веројатно би предизвикал домино ефект, односно би се прелеал на клиентите.