1. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски: Левица и ВМРО-ДПМНЕ веруваат дека колку е полошо за земјата – толку е подобро за нив

„На нашиот европски пат има сериозна закана, а тоа е Левица. Уште поопасна затоа што целосно го има земено во заложништво Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Го имаат земено во заложништво затоа што е слаб, нема став, нема визија, нема одлучност. Тие веруваат дека колку е полошо за земјата – толку е подобро за нив“ рече премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ во Скопје.

Тој додаде дека тие се реална закана за земјата, за сегашните и идните генерации и дека се закана да се спречи европскиот пат, а државата да се врати во неизвоеност, изолација и внатрешни поделби.

„Ако тоа се случи, ќе станете со лажно чувство на гордост наутро, но навечер ќе си легнете гладни и сами, непризнаени и осамени. Тоа ние нема да го дозволиме. И повторно, решенијата лежат кај нас. Во СДСМ и во сите други прогресивни сили, наши коалициони партнери, присутни вечерва со нас, кои ги поздравувам, кои мора повторно да бидат мнозинство. Кои повторно мора да бидат гласни, јасни и силни“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека не смееме да дозволиме да гасиме пожари, ако може да ги спречиме и дека немаме право заради комоција, нечии интереси, мрзеливост или надменост да дозволиме празните популисти, финансирани од странски и домашни криминални пари да ја вратат државата во тунелот без крај.

Можеби ќе ве интересира

Телефонската линија 192 повторно е во функција

C +

Систем, не спектакли и пи-ар: Шукова и Битиќи со граѓаните за чисто и одржливо Скопје

C +

Филипче најави законско решение на СДСМ: 3 денари повеќе по килограм за лозарите

C +