На 16.12.2022 во 14.30 часот на ул.„Венјамин Мачуковски“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Аеродром, со судска наредба, го лишиле од слобода Д.К.(37) од Прилеп. Тој бил осуден на 13 години казна затвор за сторени кривични дела по член 123 став 1 и член 396 од Кривичниот законик, а бил баран по потерница за доиздржување шест години и еден месец од казната. При лишувањето лицето се идентификувало со лична карта на друго лице од Прилеп. Во исто време, на ул.„Петар Ацев“, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода и Д.К.(37) од Прилеп. Притоа, кај двајцата биле пронајдени и одземени повеќе парчиња накит и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела „тешка кражба“ и предмети со кои ги извршувале делата. Приведениот Д.К. на ул.„Венјамин Мачуковски“ бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната. По целосно документирање и расчистување на случајот, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Денеска (17.12.2022) во 02.50 часот на ул.„Борка Талевски“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода М.З.(30) од Куманово. Тој бил затекнат при обид да изврши кривично „тешка кражба“ во помошен објект од куќа сопственост Б.Ј.(42) од Скопје. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 16.12.2022 во 17.00 часот во с.Добридол, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Галате ги лишиле од слобода Б.Р.(29) и Џ.А.(55), двајцата од с.Добридол. Тие се сомничат дека околу 02.30 часот во угостителски објект во с.Добридол физички и со тврд предмет го нападнале А.А.(24) од с.Пирок, општина Боговиње, по што го одзеле возилото „рено твинго“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на неговата сестра, кое тој го управувал. Возилото било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 16.12.2022 во 12.00 часот на граничен премин Делчево, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Делчево го лишиле од слобода Л.М.(53) од Република Албанија затоа што при пасошка контрола било констатирано дека патната исправа што ја приложил била фалсификувана. Исто така, при преглед кај него и во возилото во кое се превезувал, во багажот биле пронајдени фалсификувани италијанска лична карта и италијанска возачка дозвола на негово име, како и оригинална лична карта на лице од Италија. Со него бил извршен службен разговор во полициска станица, при што тој признал дека документите се фалсификувани и дека ги набавил од лице од Албанија за одредена сума на пари. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 17.12.2022 во 01.45 часот на бул.„8 Септември“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Ј.(25) од с.Крушопек, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 17.12.2022 во 02.20 часот на крстосница од ул.„Јоска Јорданоски“ со кеј „19 Септември“ во Прилеп, полициски службеници од Полициската станица Прилеп го лишиле од слобода Н.Б.(33) од Прилеп затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 17.12.2022 во 00.35 часот на ул.„Јане Сандански“ во Неготино, полициски службеници од Полициската станица Неготино го лишиле од слобода Н.П.(26) од Неготино затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 16.12.2022 во 21.45 часот на ул.„Јанко Мишиќ“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.М.(22) од с.Марино, општина Илинден, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 16.12.2022 во 23.40 часот на кеј „13 Ноември“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.М.(25) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 16.12.2022 во 23.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.С.(19) од с.Лојане, липковско, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 16.12.2022 во 22.55 часот на ул.„Атинска“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода П.С.(22) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 16.12.2022 во 20.30 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Г.(27) од Берово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 16.12.2022 во 17.50 часот на автопатот Скопје – Велес, кај наплатна станица Сопот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода К.Д.(25), Р.У.(24) и Џ.А.(24), сите од Велес. Тие, додека се приближувале кон наплатната станица, од возилото „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, во кое се превезувале, исфрлиле три пакувања со бела прашкаста материја, која подоцна била пронајдена и одземена.
По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 16.12.2022 во 23.30 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Н.(32) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 16.12.2022 во 21.40 часот, полициски службеници од Полициската станица Македонска Каменица го лишиле од слобода М.И.(28) од с.Саса, општина Македонска Каменица, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 16.12.2022 во 10.00 часот во СВР Велес, од Казнено-поправната установа Затвор Велес, отворено одделение, било пријавено дека во подрумските простории било пронајдено едно пакување со кафеава прашкаста материја. Полициски службеници извршиле увид и ја подигнале прашкастата материја за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.