Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања денеска оствари средба со Килијан Вал, новоименуваниот шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на која разговараа за приоритетните реформи, важни за евроинтегративниот процес на земјата и можностите за продлабочување на соработката.
-Придонесот на Мисијата на ОБСЕ е клучен за реформскиот напредок и приближувањето кон Европската Унија, особено за демократизација на Северна Македонија. Преку различни проекти кои значително придонесуваат за процесот на европска интеграција, ОБСЕ има значајна улога во развојот на нашата земја и верувам дека ќе продолжиме со одличната соработка и во иднина, рече вицепремиерот Маричиќ.
Амбасадорот Вал го поздрави напредокот нотиран во Извештајот и изрази уверување дека Мисијата ќе продолжи да прави сè што може за да ги поддржи реформските напори на земјата.
На состанокот беше потенцирано дека Мисијата на ОБСЕ како и досега ќе продолжи да го поддржува спроведувањето на реформите, што ќе придонесе да се забрза интеграцијата и да се постигнат нашите поставени цели, членство во ЕУ до 2030 година.
Вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ, Маричиќ, потенцираше на дека следниот период Владата се фокусира на приоритетните реформи од Кластерот 1, „Фундаментални вредности“, особено на владеењето на правото и областите поврзани со доброто владеење и човековите права, во кои ОБСЕ има значајна улога и свој придонес за напредокот на истите.