27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Пендаровски: Дојавите за бомби најчесто стигнуваат од ИП-адреси од странство до кои тешко се доаѓа

Претседателот Стево Пендаровски смета дека нема потреба од свикување на Советот за безбедност поради дојавите за бомби.

Тој посочи дека надлежните органи се максимално ангажирани и не допуштаат шанса некој да постави експлозивна направа во училиштата.

„Јас сум во постојана комуникација со МВР. До овој момент нема потреба да се крева тоа на такво ниво“, изјави претседателот пред денешната панел-дискусија на Меѓународниот балкански универзитет во Скопје.

Нагласи дека дојавите стигнуваат од ИП-адреси кои најчесто се од странство и до кои тешко се доаѓа, како и до луѓето што менаџираат со овие адреси.