27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Спасовски: На пат сме да го расчистиме случајот со бомбите во Кавадарци

МВР соработува со сите меѓународни партнери, кои се известени за заканите за бомби во државата, посочи на денешната прес-конференција министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

„Сите меѓународни партнери се известуваат за дојавите за бомби. Ги споделуваме информациите и податоците што ги имаме со цел да добиеме помош. Најчесто станува збор за ВПН-конекција во која вие не можете да добиете точна ИП-адреса, туку се појавуваат илјадници ИП-адреси во светот од тој провајдер. Сега сме на пат да го расчистиме случајот во општина Кавадарци, се преземаат сите можни мерки“, изјави Спасовски.

Како што рече министерот, Секторот за меѓународна полициска соработка е во постојана комуникација со Интерпол и Европол. Тој очекува дека деновиве ќе се одржи и Советот за координација на безбедносно разузнавачките служби, на кој се очекува да се разменат сите податоци што ги имаат Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање и Комитетот за борба против тероризмот.

Работиме со партнерите, но не секогаш е едноставно да дојдете до решението, рече Спасовски.

И денеска во Скопје пристигнале дојави за бомби во неколку основни и средни училишта во Скопје.