Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Каевски: ВМРО-ДПМНЕ е симбол за неспособност, за партизација и хаос

„ВМРО-ДПМНЕ е симбол за неспособност, за партизација и хаос во единиците на локалната самоуправа што ги предводи. Хаосот е највидлив во Град Скопје. Нема реализирано ниту еден проект од програмата, не се реализираат ниту наследените проекти, кои се во одмината фаза и за чија реализација се обезбедени пари. Јавниот превоз е во колапс, ЈСП тоне во долгови, а катастрофална е состојбата и во други јавни претпријатија, како ‘Водовод и канализација’ и ‘Паркови и зеленило’“, рече денеска на прес-конференција портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски.

Тој посочи дека „во оваа најкризна година многу општини ги зголемија цените на комуналните услуги“.

„Во Штип цената на ѓубретарина е зголемена дури 110 отсто, во Гевгелија – 90 отсто, во Прилеп – 67 отсто, поскапени комунални услуги има и во Охрид, во Радовиш, во Виница… Додека удираат по џебот на граѓаните, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ ги задолжуваат општините и парите од задолжувањата ги трошат расипнички на непродуктивни трошоци и на партиски вработувања. Во сите овие општини, но и во многу други, како Град Скопје, Бутел, Кисела Вода, Велес, Битола, Ресен, се случува масовна партизација, каде што општините и јавните претпријатија се полнат со кадри од ВМРО-ДПМНЕ“, рече Каевски.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +