26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Спасовски за Буџет на МВР 2023: За 6% зголемен буџет на МВР за продолжување на воспоставениот концепт – полицијата-сервис на граѓаните

Денеска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Медија центарот на Владата на Република Северна Македонија, пред медиумите и граѓаните го презентираше предлог Буџетот на МВР за 2023 година со вкупна вредност од 182.7 милиони евра.

Надоврзувајќи се на веќе презентираното од страна на премиерот Ковачевски во врска со предлог буџетот на МВР за 2023 година, министерот Спасовски издвои неколку побитни работи кои обезбедуваат развојна линија на МВР, во приоритетните области кои ова раководство на МВР ги постави пред шест години.

„Имено, основната цел на предлог Буџетот 2023 е да се обезбеди понатамошно системско реформирање на полицијата, преку етаблирање на принципите на владеење на правото во сферата на безбедноста, како еден од круцијалните фактори за просперитет на државата.
Притоа, зголемувањето за 6% во споредба со минатогодишниот буџет е обезбедено во ставките кои овозможуваат континуитет во градењето на современа и стручна институција, заснована на законитост и понатамошен развој на демократските принципи во полициското работење, согласно европските препораки и стандарди“, рече министерот Спасовски.

Министерот Спасовски истакна дека една од целите на реализацијата на проектираниот буџет на МВР е продолжување на воспоставениот концепт: Полицијата- сервис на граѓаните.

„Нашата цел е продлабочување на партнерството меѓу граѓаните и полициските службеници што ќе продолжи да произведува уште поефективни резултати за безбедноста и сигурноста, за одржување на јавниот ред и мир, како и за заштита на материјалните добра на граѓаните”, рече министерот Спасовски.