22. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Османи во работна посета на Атина

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, денеска ќе престојува во работна посета на Хеленската Република.

Централна средба на посетата ќе биде со министерот за надворешни работи на Никос Дендиас, при што во фокус на разговорите ќе бидат билатералните односи и соработката меѓу двете земји, европското досие на Северна Македонија, сојузништвото во НАТО и геополитичките предизвици во регионот, како и приоритетите на претстојното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година.

По средбата, министрите, Османи и Дендиас се очекува да имаат и изјави за медиумите.

Во рамки на посетата на Грција, Османи ќе оствари одвоена средба и со министерот за енергетика и животна средина, Костас Скрекас, на која ќе се разменат инфорамции за соработката меѓу двете земји во обаста на енергетиката, а во контекст на актуелните предизвици поврзани со диверзификацијата на изворите за енергетско снабдување

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Партизацијата на М-НАВ и неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ се опасни за граѓаните

C +

ЦУК: Гори на планините Кожуф и Добра Вода, под контрола четири пожари

C +

Почувствуван земјотрес во југоисточните делови на Македонија, епицентарот во Грција

C +