Со сите договори на земјава, без разлика на мислењето на опозицијата, јас сум апсолутно уверен дека бетонирани се македонскиот јазик и идентитет, кажа функционерот на СДСМ, Горан Сугаревски во гостувањето во „Само вистина“. Тој порача ВМРО-ДПМНЕ да се вклучи во процесот на зачленување во ЕУ.
-Во делот на уставните измени, треба да се знае дека ако ни е стратешки интерес членството во ЕУ, за што барем декларативна заложба има ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО треба да биде вклучен во овој процес, рече Сугаревски.
За најавите на опозицијата дека наводно ќе ги изменеле договорите, тој кажа:
-Ниту тие ниту Левица не можат тоа да го направат. ВМРО-ДПМНЕ уште во 90-тите години најавуваа укинување на времената спогодба, потоа укинување на територијалната организација, но тоа не се случи. Напротив, еве потпишавме Договор со Фронтекс кој беше чист пример, беше потпишан на македонски јазик, кажа Сугаревски.
Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ било побарано за учество во Владата пред референдумот во 2018 година за уставните измени од Преспанскиот договор.
-Со ниту еден потег ВМРО-ДПМНЕ не покажува дека сака членство во ЕУ, рече Сугаревски.