22. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСИЗБОРТЕМА

(ФОТО) Лебот генерално со пониски цени, се продава и за 36, 38, 42 денари

Пониските цени на лебот стигнаа и во скопските маркети.

Денеска на рафтовите во познатите маркети можеше да се забележи леб од 500 грама по цена од од 36 до 42 денари.

Во ланците буџет маркети, лебот уште пред една недела е намален и се продаваше 40-42 денари. Сериозно намалување на цената на лебот има во внатрешноста на Македонија каде локалните пекари ги спуштија цените.

Факт е дека серизона бројка на компании, особено брендови, од пекарската индустрија ги оставија цените и покрај драстично пониските субвенционирани цени на струјата која ја добија од Владата, а ја плаќаме сите даночни обврзници.

Дополнителен стимул за итно намалување на цените на прехранбените производи е и драстичното поевтинување на нафтените деривати кои сега се пониски и до 30 отсто од пред неколку месеци, кога голем број на компании од прехранбениот сектор ги вивнаа цените.

Можеби ќе ве интересира

Во текот на минатата недела УЈП спроведе 243 контроли за фискализација, казнети 91 дуќан кај кои биле утврдени неправилности

ДЕСК

„Средба на Божиновска и Љатифи со претставници на KfW за енергетска инфраструктура и регионална поврзаност“

ДЕСК

„Во сенка“ – краток филм на Халкбанк за мирот, радоста и убавината што ја дарува зеленилото

ДЕСК