Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ХОРОР ВО ЛИФТ ВО АЕРОДРОМ: Две лица нападнале 75-годишна жена и ѝ го одзеле паричникот

На 13.10.2026 околу 11:10 часот во СВР Скопје В.Т.(75) од Скопје пријави дека на подрачјето на општина Аеродром, додека влегувала во лифт од зграда, две лица физички ја нападнале и ѝ го одзеле паричникот со пари и документи.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.