25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЛОКАЛНОТОП ВЕСТИ

Автобусите тргнати од булеварите, хаосот во Скопје ќе стивне откако Ленин го послуша премиерот: Кој ќе ја надомести штетата на бизнисите и граѓаните?

Со недели Скопје живее под блокади на приватните превозници, а минатата недела ситуацијата ескалираше кога со автобуси беше блокиран целиот град, а настана и голем хаос.

Многу од компаниите и граѓаните забележаа сериозни загуби кои се мерат во милиони евра.

Граѓаните беа нервозни доцнеа на лекар, работа, школо, факултет… Не можеа да стигнат никаде.

Сето ова се случуваше поради нерасчистените сметки меѓу приватните превозници и Данела Арсовска, кои само до пред една година си даваа невидена меѓусебна поддршка. Приватните превозници бараат 1,5 милиони евра од Град Скопје, од каде што негираат дека должат толку пари.

Сега е непознато кој на бизнисите ќе им ја надомести штетата?

Хаосот ќе стивне откако Ленин го послуша премиерот

„Предложивме она што го кажа премиерот да се испочитува. Денеска по овој прес сите автобуси што се на улица да се повлечат, за да му се овозможи простор на дијалогот што тој го предлага и што за нас е основа за средба на која што, како што и самиот спомена ќе бидат презентирани сите аргументи, докази и факти за целава оваа состојба“, рече Ленин Јовановски.

Претходно премиерот Димитар Ковачевски на прес конференција побара од превозниците да ги тргнат блокадите за да може да седнат да разговараат, што практично беше испочитувано веднаш.

Дали Владата покрај Универзална сала, парното греење, субвенциите за струја ќе ги решава проблемите на Данела и во градскиот превоз засега е непознато.

Граѓаните кои ја поддржаа и донесоа Данела Арсовска на власт која беше поддржана од Христијан Мицкоски и ВмРО ДПМНЕ, гласаа за Данела бидејќ ветуваше електрични автобуси и бесплатен превоз, модерно Скопје, но наместо тоа добивме раскопани улици, блокирано Скопје, укинат проект и плаќање високи камати за БРТ системот.