Под влијание на циклонска активност попладне и во текот на ноќта времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои на некои места ќе бидат обилни при што локално се очекуваат и над 30 l/m2 дожд. Доколку локално врнежите бидат од пороен карактер и за кратко време паднат поголеми количини на врнежи, можни се локални зголемувања на водостоите на помалите реки и суводолиците низ земјава (како и локални излевања), а можни се и локални проблеми во дел од градските урбани средини.
Исто така, се очекуваат и зголемувања на водостоите и на поголемите реки низ земјава (осоено во западните делови), кои сепак се ниски и под прагот на нивно излевање. Предупредуваме на претпазливо движење покрај реките и суводолиците во земјава во текот на ноќта и утрешниот ден, посебно во западните делови на земјата.