Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИСвест

Официјално: Дизелот поевтинува 5 денари

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,11 % во однос на одлуката од 7.12.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 8,708%, кај дизелот за 8,110%, кај екстра лесното масло за 8,044% и кај мазутот намалувањето е за 5,226%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,588%.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)се намалува за 5,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 3,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 4,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 4,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 2,115 ден/кг и сега ќе изнесува 40,056 ден/кг.

Од 10.12.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин​​ЕУРОСУПЕР БС – 95​​​ 77,50 (денари/литар)
Моторен бензин​ ​ЕУРОСУПЕР БС – 98​​​ 79,50​ (денари/литар)
Дизел гориво​​​ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)​ ​ 79,50 (денари/литар)
Масло за горење​​Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)​​ 77,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС​​​​​​​​​​​​ ​ 40,056 (денари/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 10.12.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Можеби ќе ве интересира

Фриленсерите сè погласно бараат пристап до финансиски инструменти, Diners Club Macedonia ги препознава нивните потреби

ДЕСК

Истражувањето на ЕБОР прикажува родова нееднаквост во пристап до климатското финансирање и препорачува мерки за овозможување на зеленото финансирање подостапно за жените

ДЕСК

Стопанската комора на Северна Македонија го изработи првиот водич за декарбонизација за малите бизниси во земјата со поддршка од ЕИБ Глобално

ДЕСК