9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Петров во „Само вистина“: Можниот ветинг би бил храбар исчекор на премиерот

Според функционерот на СДСМ, Андреј Петров веројатно за очекување е наши државјани да завршат на црната листа на САД. Во гостувањето во „Само вистина“ тој кажа дека таков е пристапот на САД кон целиот регион, а Македонија не е во драстично полоша ситуација од регионот. Тој порача најавата за борбата против корупцијата да добие поддршка од целото прогресивно општество. Прашан за можниот ветинг, Петров одговори:

-Претседателот на Владата со тоа што го зборува и го најавува ќе влезе во храбар исчекор, бидејќи така секој ќе биде подлежен на проверка што се однесува до носителите на јавни функции, судии и сите што вршат јавни дејности. Односно, да се види како стигнале до тие позиции и како го стекнале капиталот со кој располагаат, рече Петров.

Тој додаде дека системот мора да профункционира и државата треба да го ослободи судскиот систем. Петров додаде дека не се сите корумпирани, но дека генералната слика се создава поради поединци, кои наместо да бидат казнети, се наградени за одредени постапки.

-Треба да престанеме да гледаме кој од каде доаѓа и кој со кого добро стои. Треба да се гледа кој колку е компетентен за функцијата, рече Петров.

Можеби ќе ве интересира

Ковачки со апел од Илинден: Масовно излезете на 19 октомври и гласање за број 9

ДЕСК

Мицкоски: На овие избори има две опции СДС-ДУИ- Левица кои се нереформирани „како до сега“ и ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која е за развој и напредок на Македонија

ДЕСК

Филипче: Мицкоски воведува нов данок за граѓаните, ДДВ и на евтините пратки

ДЕСК