23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Петров во „Само вистина“: Ако се оди по европскиот пат нема ништо лошо во зголемување на владиното мнозинство

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Петров истакна дека предвремени парламентарни избори нема да има. Во гостувањето во „Само вистина“ тој кажа дека има таков консензус меѓу владините партнери.

-Отпочнат е скринингот и треба да се завршат обврските што сме си ги презеле, претстојат реформи во даночниот систем, во земјоделството…, рече Петров.

Говорејќи за влезот на Алијанса за Албанците во Владата, Петров кажа дека ако се оди по европскиот пат нема ништо лошо во зголемување на мнозинството. Во однос на уставните измени, тој додаде дека посакувано сценарио е да се изгради единство.

-Треба да се приклучи опозицијата и да се изгласаат уставните измени во Собрание на достоинствен начин. Ова прашање е губење време на државата, истакна Петров.