24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Комунална започна со репарација и замена на конејнерите со зафатнина од 3,2 м3

ЈП Комунална хигиена-Скопје започна со репарација на сите оштетени садови наменети за одлагање комунален отпад, со зафатнина од 3,2 кубни метри, коишто се поставени на територијата на градот Скопје. Воедно, екипите на Претпријатието вршат и замена на неупотребливите контејнери со нови садови.

„Во текот на денешниот ден отпочнавме со санирање на оштетувањата на пластичните контејнери со зафатнина од 3,2 кубни метри. Најчесто станува збор за репарација на рачните и ножните механизми за отворање на садовите, како и промена на оштетените капаци. Во рамките на овие активности ќе бидат опфатени сите оштетени пластични контејнери со зафатнина од 3,2 кубни метри, лоцирани на јавни површини во скопските општини Центар, Аеродром, Чаир, Кисела Вода, Карпош, Гази Баба и Ѓорче Петров.

Онаму каде што постојат големи оштетувања, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје ќе постават сосема нови садови, со цел максимално да се запази динамиката на одлагањето, собирањето и транспортот на комуналниот отпад во градот Скопје.“-изјави в.д.директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева.