На 05.12.2022 во 15.20 часот во шума во атар на гостиварско Врањовце, полициски службеници од Полициското одделение – Галате лишиле од слобода 41 годишно лице.
Околу 15.20 часот на земјен пат на место викано „Црквиште“, тој бил затекнат како врши бесправна сеча на дрва. Исто така, биле пронајдени и 18 исечени стебла од дрво, кои биле предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка.
Лицето било задржано во Полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Приведено лице од гостиварско, затекнато при бесправна сеча на дрва.