25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

СДСМ Штип го прашува Јорданов дали негова блиската соработничка незаконски гради без дозвола? (ВИДЕО)

По допрен глас до СДСМ од станарите на оваа станбена зграда, а и како што може да се забележи на терен, Јорданов е должен да одговори :

Дали неговата блиската соработничка, која е на позиција секретар на Општина Штип, во моментов има дозвола за изведба на градежни активности?
Дали бесправно се гради поради злоупотреба на функцијата?
Дали поради бурните реакции на граѓаните оваа надградба дивоградба во моментов се стопира, а водејќи се по старата „секое чудо за три дена,“ соработничката планира наскоро да си продолжи со бесправната експанзија?

Никој не смее да биде над законите и да ја злоупотребува својата позиција.

Не може општината и локалната самоуправа да биде за некој мајка, за друг маќеа.

Додека обичниот граѓанин мака мачи низ општинските лавиринти за каква било дозвола, дали е фер вмровските челници истите лавиринти целосно да ги заобиколуваат и игнорираат? Дали е фер да се гради без дозвола и без денар платен на Општината?

Почитувани,

Еве ова се мотивите на вмровските шерифи да дојдат на власт.

Дали придобивките од власта се полесно богатење, бесправно градење и злоупотреба на позициите?