27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Спасовски: Заедно со Министерството за правда бараме начин како да ги ослободиме улиците во Скопје

Министерот Спасовски вели дека заедно со Министерството за правда бараат начин како да се реагира по протестот на приватните автобуски превозници кој го блокираше Скопје.

Тој денеска во изјава за медиумите рече дека го разбира правото на секој да протестира но истовремено рече дека треба да се води и сметка за правото на граѓаните да се движат слободно. Апелираше на разговори меѓу засегнатите страни и изнаоѓање на решение кое ќе го деблокира Скопје.