7. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Два трупа пронајдени во Скопје

Два човечки тела се пронајдени на две различни локации во Скопје, информира полицијата.

Според дневниот билтен на МВР, Во СВР Скопје вчера било пријавено дека во објект во изградба на улица „Орце Николов“ во Скопје е пронајден починат скопјанецот од населба Илинден, В.Љ.(40), кој бил вработен во градежна фирма од Скопје.

Како што информира полицијата, смрт констатирала екипа од Итна медицинска помош, а увид извршила екипа од СВР Скопје и Трудов инспектор.

По наредба на Јавен обвинител, на телото на починатиот била извршена обдукција, по што било предадено на семејството за погреб, соопшти полицијата.

Во вториот случај, пак, било пронајдено тело на починато лице во скопското село Орман, во близина на реката Лепенец, на место викано „Лески“.

Случајот вчера бил пријавен во СВР Скопје. Полициски службеници извршиле увид, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.

Можеби ќе ве интересира

Душко Милев: Предллогот на Филипче за дополнителни 3 денари на цената за откупа на грозјето е спас за лозарите

C +

Вистината за АНБ: Дали Мицкоски за торби пари ги продавал државните интереси на туѓи држави?

C +

Филипче за Слободен печат: Владата нема желба ниту да ги зголеми платите, ниту да ги стави под контрола цените

C +