24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЗДРАВЈЕ

ЗАЈАКНЕТЕ ГО ОРГАНИЗМОТ: Една намирница е вистинско богатство на витамин Д

Витаминот Д е важен за општото здравје на организмот, а еве кои намирници го содржат.

Витаминот Д, познат и како „витамин на сонцето“, влијае на бројни функции во човечкото тело, игра улога во растот на клетките, го намалува воспалението и ги подобрува невромускулните функции.

Исто така, влијае на расположението, го зајакнува имунитетот и го намалува ризикот од рак на дојка.

Недостатокот на витамин Д е поврзан со дијабетес, кардиоваскуларни болести и остеопороза.

Ако сте постојано уморни и имате чувство дека ве боли „цело тело“, земете крв. Доколку анализите покажат дека покрај суплементите ви недостасува и витамин Д, почнете да јадете храна која е богата со витамин Д. Тоа се риба, говедски црн дроб, млеко од соја, јагула и рибино масло. Нутриционистите истакнуваат дека лососот е вистинската сорта на овој скапоцен витамин, но само оној уловен во диви води.

Храната која го зголемува нивото на витамин Д во крвта се:

печурки, кравјо млеко, сирење, путер, јајца

Препорачаната дневна доза на витамин Д е:

за возраст од 1 до 70 години – 600 IU на ден

над 70 години – 800 IU на ден

Дебелите луѓе се изложени на ризик бидејќи мастите го раствораат витаминот Д, како и трудниците кои исто така се изложени на ризик бидејќи бебињата ја зголемуваат потребата за витамини.