Денес и во недела од 11 до 14 часот градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ги отвораат своите врати за граѓаните и нивните идеи и проекти.
Преку проектот „Отворен ден во твојата општина – Твоја идеја за промени“, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ им нудат можност на граѓаните да предложат идеи и проекти кои подоцна ќе бидат разгледани од стручни лица и, како што се наведува, ќе бидат вклучени во општинскиот буџет за 2023 година.
Оние граѓани кои нема да бидат во можност да ги посетат општините, ќе имаат можност и онлајн преку веб страната budzet.mk да ги предложат своите предлог проекти.
„Градоначаниците на ВМРО-ДПМНЕ за само една година реализираа исклучително голем број на проекти, и со такво темпо се продолжува и следниот период. Граѓаните заслужуваат да живаеат во модерни, чисти, убави и средени општини во која ќе бидат задоволени сите нивни потреби. И токму затоа секоја идеја, секој проект е добредојден. Концептот на овој голем проект „Твојата идеја за промени“ е граѓаните активно да се вклучат во креирање на локални политики за побрз економски развој на општините. А целта е да се создадат проекти каде што секој граѓанин ќе може да се идентификува“, велат од партијата.