23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Г7 и Австралија се приклучија на ЕУ и усвоија плафон за цената на руската нафта

Групата седум најразвиени земји во светот (Г7) и Австралија се согласија да усвојат плафон на цената на руската нафта од 60 долари за барел, набргу откако Европската унија претходно постигна едногласен договор за истата цена на руската нафта.

Вчера Европската унија формално ја потврди одлуката за воведување ограничувања на цената на нафтата што се транспортира по морски пат од Русија, објави Чешка, која претседава со ЕУ.

„Амбасадорите штотуку постигнаа договор за ограничување на цената на руската нафта што се транспортира по морски пат“, соопшти Чешка.

Следува писмена постапка, а одлуката ќе стапи во сила по објавувањето во Службен весник, соопштија од Чешка.