22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНОИЗБОР

СДСМ: Хаос во Скопје, граѓаните трпат огромна штета поради неспособната ВМРО-ДПМНЕ

Неспособноста на локалната власт во град Скопје предводена од ВМРО-ДПМНЕ предизвика хаос и нефункционалност, јавниот превоз е во колапс. Во Скопје се случува целосен сообраќаен хаос, блокирани улици, приватните автобуски превозници не возат поради неисплатени милионски долгови од страна на Град Скопје. Градоначалничката Арсовска со раскинување договори и префрлување на вината само ја влошува состојбата со јавниот превоз, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата наведуваат дека скопјани се принудени да ги користат само линиите на ЈСП, кои не се редовни, што предизвикува нервози и доцнења. ЈСП сè подлабоко тоне во долгови, а згора на сè склучува штетни договори за набавка на гориво по далеку повисоки цени од реалните. Поради неспособноста и неодговорноста на ВМРО-ДПМНЕ, неодамна Скопје првпат во историјата остана без јавен автобуски превоз.

Од СДСМ велат дека додека јавниот сообраќај е во хаос, никаде ги нема новите автобуси што ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска ги ветуваа, ниту ја има фабриката за електрични автобуси што шпицниот градоначалник Мицкоски ја најавуваше. ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска лани победија на локалните избори токму со ветувањата за јавен превоз. Ветуваа брз, ефикасен и бесплатен автобуски превоз за сите граѓани.

Наместо реализацијата на ветувањата, ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска создадоа нова катастрофа во град Скопје. Од неспособноста и неодговорноста на ВМРО-ДПМНЕ најголема штета трпат токму скопјани. ВМРО-ДПМНЕ и нивната градска власт се разочарување за граѓаните, се вели во соопштението.