24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Серија апсења на повеќе локации низ Македонија

На 01.12.2022 во 10.15 часот во гостиварско Беловиште, полициски службеници од СВР Тетово – ОВР Гостивар, по наредба од Основен суд Гостивар, го привеле М.А.(23) од гостиварско Падалиште за издржување на затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

На 01.12.2022 во 21.45 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.М.(42) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени прашкаста материја, таблети и нож. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 01.12.2022 во 17.10 часот на улица ,,Димитар Влахов“ во Гостивар, полициски службеници од СВР Тетово – ОВР Гостивар, по наредба од Основен суд Гостивар, ја привеле М.Ќ.(46) од гостиварско Врапчиште за издржување на затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на затворската казна.

На 02.12.2022 на ул.„Партизанска“ во Битола, полициски службеници од Полициската станица Битола ги лишиле од слобода Б.Б.(21), А.Б.(28) и Љ.Н.(19), сите од Битола, затоа што кај нив била пронајдена и одземена ќеса со прашкаста материја. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 01.12.2022 во 15.50 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.М.(28) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 01.12.2022 во 22.05 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Ј.(33) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени марихуана и дробилка. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.