25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Рафинеријата на Лукоил во Сицилија е ставена под привремена државна контрола

Италија ја стави рафинеријата со седиште во Сицилија, управувана од рускиот нафтен гигант Лукоил, под привремен државен надзор за да избегне нејзино затворање и да гарантира снабдување со енергија.

Инаку, моментално 93 отсто од нафтата што ја преработува оваа рафинерија е од руско потекло.

Рафинеријата на Лукоил на Сицилија ја преработуваше руската нафта во деривати, кои легално стануваат италијански деривати, со што ги заобиколи санкциите, иако дериватите се 93 отсто од руско потекло. Досега рафинирани нафтени деривати се влеваа во танкери кои без ограничување ги транспортираа до магацините на Ексон и Лукоил во Њу Џерси и Тексас.

Потсетуваме дека за ова претходно објави и Wall Street Journal.

На 18.11. илјадници работници на Лукоил протестираа против ембаргото на руската нафта.

Да потсетиме дека Лукоил е присутен и во Македонија.