24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

НУРЕДИНИ: Првиот контејнер со контамирана земја од ОХИС замина за Германија

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини направи обиколка на локацијата во Охис каде што е спакувана контаминираната земја со HCH од малата депонија. По комплетирањето на сите потребни дозволи за извоз на земјата, компанијата Polyeco денес го започна транспортот на 126 тони земја контаминирана со HCH, која е спакувана во 7 контејнери. Крајна дестинација на контаминираната земја е Германија, каде ќе биде испорачана во постројка лиценцирана за третман на ваков тип на отпад. Со тоа завршуваат активностите во кои како имплементациона агенција учествуваше UNIDO. Во реализацијата на вториот лот е вклучена имплементационата агенција UNOPS со средствата обезбедени во Повеќе-партнерскиот фонд за животна средина и веќе се ископани, спаковани и транспортирани до крајната дестинација за уништување 480 тони на HCH отпад од вториот лот.
Во наредниот период се очекува да започнат активности за чистење на третиот лот за што во завршна фаза е евалуацијата по огласот за избор на изведувач за чистењето и се очекува во најскоро време постапката да заврши и избраниот изведувач да потпише договор со UNOPS.

Досега вкупно се ископани, спаковани и извезени 960 тони на HCH отпад од првиот и вториот лот, од кои 480 тони се веќе спалени.