16. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Маричиќ: ЕУ во земјава има инвестирано милијарда евра неповратни средства

„Од 2007 до сега ЕУ има вложено милијарда евра и тоа неповратни средства, а не како кредити што треба да се вратат, туку се вложени во инфраструктурата и во развој. Европската Унија вложува во својата идна членка“ изјави вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во интервју за „Фронтлајн“.

Тој кажа дека коридорот 10 е изграден со европски пари, коридорот 8 кој сега се гради исто така е со европски пари, како и тоа дека преку 20 општини во земјава добиле канализациска мрежа и системи за управување со отпад со пари од ЕУ.

„Неколку железнички станици се целосно направени со ЕУ пари. Пречистителната станица за Скопје комплетно е донирана од ЕУ и многу други проекти како градинки и други проекти. ИПА фондовите се убавото лице на ЕУ“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот истакна дека по членството ваквите пари од ЕУ ќе се зголемат, а такви примери може да се видат во Хрватска или Бугарија, каде што сите автопати се направени со пари ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Пораката на Венецијанската комисија е јасна, реформи за независно судство

ДЕСК

Филипче од Гостивар: Со буџетска дупка од 1,4 милијарди евра, ВМРО-ДПМНЕ ја води Македонија во финансиски колапс

ДЕСК

Филипче од Гостивар: Национализмот на ДПМНЕ му служи за прикривање на нивната неспособност

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.