16. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Catalyst
МАКЕДОНИЈА

Како до одржливи системи и бизнис трансформација? – Резиме од работилницата „Предизвици и перспективи во водењето на одржливи системи и бизнис трансформација“

Се одржа првата работилница на ЕРАЗМУС+ проектот „Европски центар за извонредност за креирање одржливи системи и бизнис трансформација“ – CATALYST, кој е дел од програмата за градење на центри за извонредност во домен на стручно образование и обуки. Овој проект е  е еден од 13 проекти кои се избрани и финансирани во оваа програма на европско ниво во 2022 година. Проектен координатор е Институтот за истражување во животна средина, градежништво и енергетика – ИЕГЕ.

Главната цел е со воспоставувањето на обединет CATALYST Центар за извонредност на стручно образование (CoVE) во 5 држави, кој ќе креира едукативни програми за поттикнување на личен и организациски развој со цел да се олесни трансформацијата на малите и средни претпријатија и да поттикне соработка помеѓу образовните и деловните организации.

Првата работилница „Предизвици и перспективи во водењето на одржливи системи и бизнис трансформација“ се оддржа на 29 ноември, од 12:00 -14:00 часот, во организација на Институтот за истражување во животна средина, градежништво и енергетика, Градежниот Институт Македонија АД Скопје и Комората на Мал Бизнис.

Целта на работилницата беше да воспостави дијалог помеѓу компаниите, едукативните, јавните и граѓанските институции, со примена на методологијата за решавање на комплексни, динамични и отворени проблеми преку интерактивна „жива лабараторија“. На работилницата учествуваа истакнати експерти, раководители на проекти во домен на одржливи политики и практики, академската јавност, претставници на градежниот сектор, како и претставници на релевантни институти и државни институции, кои дадоа особен придонес во мапирање на тековните предизвици и идни перспективи во услови на потреба од бизнис трансформација и градење на одржливи капацитети.

Работилницата опфати три елементи: политики, закони и стратегии; бизнис аспекти и начин на менаџирање на истите, како и едукативен аспект за дефинирање на потребни вештини. Севкупно, беа претставени позитивни практики и предизвици на национално и европско ниво, од аспект на постоечки стратешки документи, директиви и законодавна легислатива. Помеѓу бизнис предизвиците, во најголема мера се истакна потребата од јасна систематизација на процесите во организациите, реорганизација и употреба на моделите во работењето, како и потребата од креирање на апликативни решенија. Дополнително, се иницираше на недостаток на технологии, координирани тимови и ефективност во работењето. Според добиените заклучоци, се увиде потребата од нови знаења, со акцент на нивна применливост, која е директно поврзана со примената на нови практики во едукацијата.

Досегашните активности на проектот вклучуваат анализа и мапирање на потребите и предизвиците на вработените и компаниите во однос на темите одржливост и менаџмент. Согласно добиените резултати и препораки ќе биде поставен CATALYST Центарот за извонредност, кој ќе развие и пилотира 70 курсеви за стручно образование и обука, како и пилот-проекти со компании и применети заеднички истражувачки проекти во избрани сектори според националната стратегија за паметна специјализација.

 

За повеќе информации за проектот посетете ја веб-страната http://projectcatalyst.eu/.

Можеби ќе ве интересира

АХВ се вклучи во одбележувањето на 16 октомври Светски ден на храната

ДЕСК

СВР Битола со АПЕЛ до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД – Објавено метео предупредување

ДЕСК